Цивил – Центар за слобода најостро го осудува
вандализирањето на просториите на центарот за поддршка на ЛГБТИ во Старата
Скопска Чаршија, отворен на 23 октомври. Апелираме до власта и сите релевантни
институции веднаш да преземат мерки за казнување на хулиганите и да овозможат
непречена работа на ЛГБТИ центарот во Скопје. Тоа треба да биде првиот чекор
кон промена на политиките и третманот на ЛГБТИ заедницата во Македонија,
односно максимално подобрување на нивниот социјален и правен статус.
Каменувањето на ЛГБТИ центарот не изненадува, како што веќе
не се изненадувачки ниту говорот на омраза, дискриминацијата и насилствата по
етнички, верски или други основи. Негувањето на култот кон чиста и монолитна
нација јасно се гледа во јавните настапи на дел од политичката елита во
земјава.
Овој хулигански чин е уште еден доказ за нетолеранцијата
и насилството кои се вткаени во македонското општество денес. Според нас, овој
инцидент е последица од нетолеранцијата и дискриминацијата кои се дел I од највисоките
структури во државата.
No comments:
Post a Comment