Ако сте ненасилни, тоа не значи дека му се потчинувате на угнетувањето. Вие едноставно го отфрлате насилството како средство за спротивставување на угнетувањето. Да бидете покорни пред деспотот ве прави послаби од ден на ден. Ненасилството како стратегија бара сила и интелигенција, огромна вера и лично посветување.
Ганди излезе супериорен со не-насилството како стратегија против тогашната колонизаторска велесила. Длабок и мудар, храбар и бунтовен - овој голем човек го претвори својот живот во една од најмоќните пораки кои оваа цивилизација досега ги видела. Тој се бореше за човештвото, мирот и слободата по цена и на сопствениот живот. И - победи.
Не ви треба пиштол да се борите со напаѓачот. Не ви е потребна армија да поразите армија.
Сé што ви треба е верба и храброст. Јас си го повторувам тоа постојано во себе. И - функционира.
Џабир М. Дерала
Претседател на ЦИВИЛ – Центар за слобода
No comments:
Post a Comment