Махатма Ганди е пионер на филозофијата и стратегијата на ненасилство. Неговиот роденден, 2 октомври, се прославува како Меѓународен ден на ненасилството. Според резолуцијата на Генералното собрание на ОН, A/RES/61/271 од 15 јуни 2007 година овој ден е повод да се "шири пораката на ненасилство, вклучително и преку едукација и подигање на јавната свест". Во резолуцијата се реафирмира "универзалната важност на принципот на ненасилство" и желбата за "обезбедување на култура на мир, толеранција, разбирање и ненасилство".
No comments:
Post a Comment