Saturday, April 14, 2012

ЦИВИЛ АПЕЛИРА ЗА МИР


Цивил – Центар за слобода апелира до сите граѓани да останат мирни и достоинствени во овие тешки денови. Апелираме: не извлекувајте погрешни заклучоци и не обвинувајте цела етничка група за злосторство на поединец или мала група.
Цивил апелира до државните институции да ги забрза своите акции да ги доведе пред лицето на правдата сторителите на последното кривично дело, како и сторителите на сите кривични дела извршени во непосредното минато, кои ги загрозија меѓуетничките односи и имаат потенцијал да ја дестабилизираат земјата.
Апелираме до сите политички партии и лидери на заедниците да преземат итни чекори за превенција од какви и да се акти на насилство од нивните членови и соработници.
Им изразуваме длабоко сочувство на семејствата на жртвите.
 Цивил – Центар за слобода
02/5209176

No comments:

Post a Comment